Поради пандемијата од  Ковид-19 фудбалското првенство во Франција  предвреме заврши, натпреварувачката сезона во Лига 1 беше прекината на 30 април, ПСЖ беше прогласен за шампион

Сепак, Владата на Франција, сега донесе одлука според која сите стадиони во земјата официјално ќе бидат отворени за љубителите на фудбалот и спортот и тоа од 11 јули годинава.

Според таа одлука, најмногу 5.000 гледачи ќе имаат право да бидат присутни на трибините за време на фудбалските натпревари во Купот на Франција и Лига Купот.

Новата сезона во најсилното француско првенство се очекува да започне на 22 август.