Последниот развој на настаните со Коронавирусот во Италија, го диктираат календарот на натпревари во калчо лигата.

Според информациите од „чизмата“, владата на Италија ќе дозволи одигрување на фудбалските натпревари но само без присуство на публика.

Се очекува потпис од премиерот на Италија, Џузепе Конте на указот со кој ќе се дозволат одржување на спортски настани без присуство на гледачи .