Коронавирусот ги затвори вратите на фудбалските стадиони во Италија за навивачите, сите средби до почетокот на април во калчото ќе се играат без гледачи.

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора во соработка со фудбалската федерација на Италија побараа од „Sky Italia“ да ги „отклучи“ каналите и сите натпревари да можат да се гледаат бесплатно.

Целта е да им се овозможи на сите љубители на фудбалот во Италија да ги следат натпреварите во живо низ телевизиски пренос бидејќи нема да можат да дојдат на стадионите поради препораките од Владата на Италија средбите да се играат зад затворени врати.

Се очекува одлука на „Sky Italia“, Спадафора изјави дека то би бил добар знак од страна на медиумскиот партнер на ФИГЦ.