Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора потврди дека владата донела одлука фудбалските клубови од 18 мај можат да организираат колективни тренинзи но под посебен медицински протоколол кој го издаде фудбалската федерација.

Медицинскиот протокол кој го понуди фудбалската федерација е прифатен од Владата на Италија. 18 мај е датумот по кој клубовите можат да организираат колективни тренинзи.

„Проколот кој го презентираше ФИГЦ е прифатлив , секоја остапка ќе значи ризик за клубовите и повторна суспензија на фудбалот“ – потенцираат од Владата на Италија.

Дел од клубовите во Италија веќе започнаа со индивидуален тренинг, сега имаат дозвола за колективен со што полека но сигурно се враќаат работите во нормала, засега нема одлука дали и кога сезоната 2019/20 ќе се доигра.