Одбројуваме до настап на ЕУРО, македонската спортска и не само спортска јавност  со нетрпение го очекува настапот на нашата репрезентација на континенталниот собир.

Владата на Македонија на вчерашната 68-ма седница донесе одлука за формирање координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство во фудбал 2020.

Основната цел на ова  координативното тело е да ја помогне организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на ова европско натпреварување.

Македонија е во група со Украина, Австрија и Холандија, ќе играме во Букурешт и Амстердам во рамки на Ц-Групата.