Сите спортски активности предвидени за периодот кој следи се стопирани. Последната одлуката на Владата значи дека оние натпревари за кои немаше официјална потврда за одложување, сега дефинитивно нема да се одиграат.

„Се забранува одржување и собирање на масовни собири и настани на отворен и затворен простор, секаков вид на јавни и приватни собири, како и сите културни, информативни, спортски настани и манифестации, без оглед на обемот и бројот на учесници, во јавни објекти и други јавни места (кино сали, театри, музеи, библиотеки, спортски објекти, вежбални и детски игротеки). Се затвораат сите спортски објекти, вежбални, спортски сали каде што може да се одржуваат секаков вид на собири и настани, без оглед на обемот и бројот на учесници. Се забранува одржување на сите спортски настани и натпреварувања пред присуство на гледачи (публика). Се забранува користење од секаков тип на пливачки базени на територијата на Република Северна Македонија.“ – стои во одлуката на Владата на РСМ.