Фудбалерите на Работнички по ремито со Шкендија во 21 коло од ПМФЛ, викедов ги очекува нов супер интересен предизвик, дуел со Шкупи.

„Задоволен сум од тоа што го прикажа на Работнички на дуелот со Шкендија. Мислам дека комплетно го надигравме лидерот кој располага со најквалитетен состав во лигата, поседува неколку одлични индивидуалци, а ние ги неутрализиравме со тимска игра, младост, полетност и агресивност. Наметнавме наш ритам и можеме да жалиме што не успеавме да реализираме барем еднаш од шансите што ги создадовме пред противничкиот гол. Дефинитивно заслуживме барем два бода повеќе од двата последни натпревари против Силекс и против Шкендија. Сепак, играта и залагањето на фудбалерите може само да радува и очекувам да продолжиме во ист стил и на неделниот дуел против Шкупи.“ – изјави Александар Влахо за официјалната интернет страница на клубот.

Во недела Работнички против Шкупи на теренот на „ФФМ“ ќе се обиде да покаже сила која би му донела нова победа и напредок на првенствената табела.