Работнички в среда, во 21.коло на Националната арена „Тодор Проески“ ќе го пречека лидерот Шкендија. Главен судија на натпреварот ќе биде Александар Ставрев, а ќе му помагаат Гоце Петрески и Бранко Путилин.

Тренерот на Рбаотнички, Александар Влахо по нерешените 1-1 со Силекс, ги детектира слабостите на тимот, во пресрет на дуелот со лидерот Шкендија, вели дека екипата не смее да прави тактички грешки ако сака успех.

„Можам да бидам задоволен од напредокот во играта на тимот. Но, имаше и тактички грешки, во одредени моменти дозволивме лесно да испаднеме од игра против Силекс, тоа во иднина не смее да се случува“ – изјави Влахо.