Работнички по 29 кола е на петото место на табелата со 41 бод и со теоретска шанса за напредок на табелата и излез во Европа.

Сепак амбициите и плановите не минаа според планот на „Романтичарите“ кои викендов загубија од Шкупи.

„Не сум задоволен од прикажаната игра, посебно од првото полувреме. На полувремето направивме некои тактички промени, во вториот дел бевме подобри, имавме и неколку шанси, поништениот гол на Марио Станковски, и можеби во периодот на наша најдобра игра примивме гол од прекин. Знаевме дека Шкупи го има најдобриот изведувач на слободни удари во лигата, ја вежбавме на тренинзите одбраната, но, сепак, потфрливме во скокот. Честитки за победата на тренерот Гоце Седлоски и фудбалерите на Шкупи. Ние испробавме и одредени позиции за некои фудбалери, да видиме дали можат да одговорат на такви барања и продолжуваме до крај да играме офанзивно и на победа до крајот на првенството. Ни следува брзо дуелот против Шкендија.“ –  изјави за клупскиот сајт шефот на стручниот штаб на Работнички, Александар Влахо.

Работнички в среда ќе ја пречека Шкендија на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.