Менаџерот на ФК Работнички, Александар Влахо по поразот од Шкендија викендов посочи дека неговиот тим одиграл квалитетен натпревар и очекува уште подобри игри од неговите играчи.

„Доживеавме пораз од Шкендија, но ако го погледнеме изданието на тимот во целина, тоа е можеби најквалитетниот меч на Работнички оваа сезона. Има многу позитивни моменти, би сакал да продолжиме со таква игра и на наредните натпревари и верувам дека ќе дојдат многу подобри резултати.“ – изјави шефот на стручниот штаб, Александар Влахо.

Работнички во следното 12 коло во сабота гостува кај Борец во Велес.