Центрафорот на Фиорентина, Душан Влаховиќ е мета на Борусија Дортмунд, која е „сериозно заинтересирана“ да го донесе на лето, пишува „Кориере дело Спорт“.

Првиот човек на „виолетовите“, Роко Комисо, постави прекрасни 60 милиони евра како цена за Србинот со цел да ги одбие заинтересираните страни, но тоа не е проблем за популарните „милионери“.

Влаховиќ е втор стрелец во Серија А во тековната сезона со 21 гол, а претходно се шпекулираше дека го посакуваат Милан и Рома.

Да потсетиме, договорот на Душан Влаховиќ за стадионот „Артемио Франки“ е обврзувачки до летото 2023 година, и се чини дека дојде време да се наплаќаат за одлични игри во италијанскиот шампионат