Фиорентина наводно е подготвена да му понуди нов договор на младата ѕвезда, Душан Влаховиќ, кој би требало да остане на „Антемио Франки“ до 2025 година.

Раководството на Фиорентина и Влаховиќ се очекува да го официјализираат новиот договор во наредниот месец. Претседателот Роко Комисо и некои од директорите на „виолетовите“ закажале средба со агентот на српскиот напаѓач, кој сезонава изненадувачки брилјира во Серија А.

20-годишниот фудбалер одигра 21 натпревар сезонава во Серија А на кои постгина шест гола. Тој во Фиорентина  пристигна од Партизан во јули 2018 година за сума од 1,95 милиони евра, а неговиот тековен договор истекува во јуни 2023 година.