Во потрага по новата деветка, Милан наредниот преоден рок би можел да потпише со Андреа Белоти или Душан Влаховиќ.

Не е тајна дека Милан веќе некое време не успева да најде адекватно долгорочно решение за местото централен напаѓач. Полскиот репрезентативец Криштоф Пјонтек иако воопшто немаше лош учинок додека играше за Росонерите, не ги задоволи барањата управата и беше продаден на Херта за 27 милиони евра.

Моментално решение најдоа во 39 годишниот Златан Ибрахимовиќ. Тој од своето доаѓање даде огромен придонес на тимот и стана неизоставен дел на важните мечеви. Меѓутоа и тој е во сериозни години и прашање е колку уште може да им пркоси на законите на физиката и да игра на волку високо ниво.

Покрај него тука е и младиот Рафаел Леао, во кого Милан се уште не ја препознава потребната зрелост, така што не можат да го сметаат за прв напаѓач. Со оглед на тоа, доведен беше Марио Манџукиќ, кој не ги покажува игрите од порано, а брзо по доаѓањето и се повреди.

Италијанската лига е позната по одличните напаѓачи, а за тоа се свесни и Милан така што одлучија засилувањето да го бараат во домашното првенство. Изборот паднал на Душан Влаховиќ и Андреа Белоти.

Српскиот репрезентативец има феноменална сезона во Фиорентина, постигна неверојатни 17 погодоци на 32 меча. Корпулентниот фубалер има само 21 година и поради тоа веројатно на долги стази е подобро решение од 27 годишниот Андреа Белоти

Не се знае точната цифра која Торино би ја барал за својот капитен, но се знае дека би била помала од онаа на Влаховиќ. Покрај тоа, Србинот доколку би потпишал за Милан, би можел да остане во Фиорентина на позајмица следната сезона, што би било иделно за двете страни, а малку би ја намалило и отштетата.