Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ може да бира меѓу три клуба од три различни земји, пишува Калчомеркато.

Овој весник наведува дека Фиорентина, клубот на Србинот добил три понуди за српскиот шпиц кој минатата сезона експлодираше во дресот на Виола.

За тимот од Фиренца постигна 21 гол на 40 меча во сите натпреварувања, а повголемиот дел од погодоците ги постигна во вториот дел од сезоната, односно од декември наваму.

Затоа и го привлеков вниманието на повеќе тимови, односно Атлетико Мадрид од Шпанија, Тотенхем од Англија и Милан од Италија.

Фиорентина за својот шпиц нема да прифати понуда под 60 милиони евра, а за тоа веќе се пишуваше, а прашање е дали ќе има договор со некој од споменатите тимови.

„Росонерите“ го гледаат како наследник на Златан Ибрахимовиќ, што би претставувало и голем притисок за младиот талентиран шпиц. Кога е Тотенхем во прашање и таму го гледаат како замена за Хери Кејн кој сака да замине ова лето.

Во Атлетико пак го сакаат за да го засилат нападот кој и така е силен, шампионски. За Влаховиќ заинтересиран е и Јувентус, но како што пишува Калчомеркато се уште нема официјална понуда од најтрофејниот италијански клуб.