Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ со одличните игри оваа сезона го привлече вниманието на повеќе познати тимови од Италија но и од Европа.

Во оваа сезона, 21 годишниот напашач на „Виолетовите“ постигна 21 гол во Серија А, но како што и самиот најавува, засега нема ништо одлучено по однос на можен трансфер.

„Жалам, што моите голови не помогнаа доволно за полесно да ја минеме оваа сезона. Убаво е кога има интерес од поваќе клубови, но засега не размислувам премногу за тоа. Ќе видиме што ќе се случи во иднина. Никогаш не се знае, може ќе играм во Премиер лигата, можеби ќе останам целата кариера во Серија А, ќе видиме. “ – изјави Влаховиќ.

За репрезентативец на Србија интерес има од Милан, Лацио, Наполи како и од Тотенхем, Ливерпул, Евертон и Севиља.