Поранешниот фудбалски репрезентативец на Македонија, Влатко Грозданоски ќе го советува Благоја Милевски кој ја води нашата репрезентација до 21 година.

Грозданоски е именуван за дел од струшниот штаб на селекцијата до 21 година на Македонија, на позицијата на Звонко Златановски кој сега ќе работи во Академијата на ФФМ. Грозданоски претходно работеше во селекцијата до 19 години.

Нашата млада репрезентација во недела ќе го одржи првиот собир со што ќе започнат подготовките за дуелот со Шпанија од квалификациите за ЕП закажан за 3 септември на „Тодор Проески“ во Скопје.