Стартот на пролетниот дел од втората фудбалска лига во Македонија не донесе поголеми изненадувања.

Во западната конкуренција, Пелистер славеше со 3:0 против Кораб и го здржа лидерското место на табелата.

Колото ќе го комплетираат утре Лабуништа и Охрид.

 

На истокот, Брегалница го доби дербито со Кит-Го со 1:0 и со ова ги задржи шансите за лидерската позиција каде што останува Беласица која денеска славеше кај Осогово со 2:0.