Во рамки на 24. коло од ВМФЛ, екипата на Брегалница со денешниот триумф со 0:2 против Осогово на гостински терен, сигурно чекори кон шампионската титула.

Во оваа победа, двете половини беа одбележани со по еден погодок. Такашто, во 33. минута, односно во првиот дел, Дујовски по асистенцијата на Додев ја затресе мрежата на домашниот тим, додека вториот погодок во вториот дел го постигна Кудијан во 68. минута од мечот.

Во ова коло триумфираше и тимот на Тиквеш на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 2:0, додека Кит-Го и Каменица Саса си поделија по еден бод (1-1).

Ова се резултатите од сите дуели од 24. коло денес:

Кит Го – Каменица Саса 1:1

Кожуф – Тиквеш 0:2

Осогово – Брегалница 0:2

Росоман – Слога Виница 1:2

Плачковица – Победа 1:3