Екипата на Беласица со 4-2 ја победи Плачковица и со овие три бода стана есенски првак во ВМФЛ-ИСТОК.

Головите за екипата од Струмица ги постигнаа Мирчевски кој два пати се запиша во листата на стрелците, по еднаш Размов и Марков, за гостите два гола постигна Кудијан.

Беласица е прва по првиот дел во ВМФЛ-ИСТОК со 34 бода пред Брегалница која има 31 по првиот дел.

РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО

Беласица – Плачковица 4:2

Саса – Кожув 3:1

Победа – Осогово 5:1

Кит Го – Питу Гули 3:1

Тиквеш – Брегалница 0:2