Лидерот во ВМФЛ – Исток, Брегалница,  и второпласираниот Тиквеш попладнево очекувано славеа победи на домашен терен.

Водечката Брегалница беше убедлива во Штип и со 3-0 триумфираше над третопласираниот Кожув.

Домашната победа во денешното 11 коло на Истокот запиша и Тиквеш, и со триумфот од 3-1 над Осогово остана на два бода зад штипскиот второлигаш.

Кит-Го беше убедлив на домашен терен против Росоман со 3-0, со идентичен резултат Слога ја совлада Плачковица, а единствената победа како гостин ја запиша Каменица Саса со триумфот од 2-1 над Победа.