Во Втората лига -Исток, Саса ја совлада Плачковица со 3-0 со головите на Здравков ,Станковски и Нешовски стрелци на головите.

Ефектен беше голот на Здравков во првото полувреме со кој домашните ја најавија а потоа стигнаа до  потврда победата.

Саса со новите три бода има 23, сега е подалеку од зоната на испаѓање. Лидерот Беласица рутински против Питу Гули запиша победа со 2-0.

Резултати:

Беласица – Питу Гули 2-0

Кожуф – Осогово 1-0

Саса – Плачковица 3-0

Победа – Брегалница 0-2

Кит Го – Тиквеш 1-1