Штипска Брегалница со последниот судиски свиреж стигна до гостинска победа од 2-1 против Победа за да го одржи чекорот на врвот со Тиквеш, кој попладнево триумфираше убедливо на гости кај Росоман со 4-0.

На останатите терени од 7 коло од ВМФЛ – Исток, Каменица Саса и Осогово ги поделија бодовите без голови. Кожув триумфираше кај Плачковица со минимално 1-0, а без победник со по еден гол во двете мрежи заврши пресметката помеѓу Кит Го и Слога Виница.

На Западот, лидерот Гостивар со минални 1-0 славеше дома над Вардар Форино, и се заврсти на врвот на табелата, откако Скопје одигра без голови на гости против Дрита.Домашни победи остварија Кораби над Охрид (1-0) и Велешта против Влазерими (2-1), а колото утре го затвораат Тетекс и Кадино.