Лидерот на табелата во втората македонска фудбалска конкуренција, тимот на Пелистер славеше оствари нова победа, овој пат над Кадино со 2-0.

Екипата од Битола во 32. минута стигна до водство преку Љамчевски, додека во продолжение од средбата имаше шанси на двете страни, но мрежите останаа да мируваат до самиот финиш, кога Анѓелески со гол во 90. минута ги постави конечните 2-0.

Со оваа победа Пелистер ја зголеми предноста во однос на Дрита и Лабуништа кои доживеаја порази ова коло.