Во завршното коло од второлигашката конкуренција, Брегалница со петарда ја запечати сезоната за паметење и тоа против Тиквеш во дербито на двете најдобри екипи на Истокот.

Штипјани без никаков притисок , и со веќе обезбедено место во ПМФЛ денес убедливо го совладаа Тиквеш со 5-0.

Во ВМФЛ Запад Скопје имаше иста судбина како Брегалница односно однапред обезбедено место во ПМФЛ но со денешната победа против Велешта му направи услуга на тимот на Охрид кој и покрај поразот од Тетекс ќе игра плеј-оф.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница – Тиквеш 5-0, Каменица Саса – Росоман 3-0, Плачковица – Осогово 2-0, Слога Виница – Кит Го 1-0, Победа – Кожув 2-2

ТАБЕЛА:Брегалница 73, Тиквеш 61, Кит Го 42, Кожув 36, Каменица Саса 35, Слога Виница 31, Осогово 30, Победа 27, Плачковица 18, Росоман 9.

ВТОРА ЛИГА – ЗАПАДСкопје – Велешта 3-0, Тетекс – Охрид 1-0, Кадино – Гостивар 2-2, Дрита – Кораби 3-4

ТАБЕЛА:Скопје 60, Охрид 46, Велешта 46, Гостивар 43, Кораби 36, Кадино 28, Влазерими 27, Тетекс 27, Дрита 21, Вардари Форино 10