Денес се одиграа  натпреварите од комплетното 4. коло во ВМФЛ-ЗАПАД,  во кои екипата на Вардар гостуваше кај Влешта и забележа неочекуван пораз додека пак , екс првакот Силекс играше со Воска Спорт и забележа победа од 2-0

Големиот фаворит добро го почна мечот, успеа со 1:0 да поведе преку Николов во 37.минута. Велешта израмни во 57.минута преку Даути, а во 62.минута видовме мајсторија на Нијас Лена. Тој, откако претходно беше досуден пенал за домашните, со “паненка“ го измами Илиќ и успеа со мајсторски гол да му донесе голема победа на својот тим.

Вардар, останува на една победа по четири  одиграни кола и со  едно реми и два  порази,

Резултати:

Велешта -Вардар 2-1

Силекс -Воска Спорт 2-0

Беса -Кораби 2-0

Охрид – Тетекс 0-1