Македонскиот репрезентативен напаѓач, Иван Тричковски нема да го менува клубот.

Ова го потврдија од АЕК Ларнака откако ја продолжија соработката со играчот кој во моментов е најдобриот во фудбалското првенство на Кипар.

„АЕК Ларнака со задоволсво може да соопшти дека постигната е согласност за продолжување на договорот со Иван Тричковски. Нашиот лидер и прв стрелец во Европските натпреварувања ќе осане во нашиот тим уште најмалку две години до мај 2022 година.“ – стои во соопштението на АЕК Ларнака.