Хаосот кој ја зафати Европа со Коронавирусот очекувано ќе влијае и по развојот на настаните во фудбалските но и во останати спорски првенства на островото.

Според последните информации од Англија, одлуката е донесена, во моментот кога ќе има над 500 заболени од КОВИД 19, сите првенства ќе добијат налог да продолжат да се одржуваат но без присутво на публика.

Најавено е дека сите фанови кои имаат сезонски билети за натпреварите од Премиер лигата ќе можат мечевите кои ќе се играат без публика да ги следат преку бесплатна интернет платформа.

До 9 часот, утринава во Англија има 460 заболени. Официјалните лица на Премиер лигата денеска се во очекување на одлуката на властите во Лондон по однос на мерките кои ќе бидат применети во Англија со цел, справување со пандемијата со Коронавирусот.