Шокантни вести пристигнаа од Шпанија откако каталонското радио „РАК 1“ објави дека пет фудбалери на Барселона биле позитивни на Ковид-19 на почетокот од пандемојата.

За ова не биле запознаени во Ла лига а информацијата останала скриена за јавноста но и за здравствените власти во Шпанија.

Нема информација за кои играчи станува збор, но едно е јасно, медиумите во Шпанија ќе бараат одговори на повеќе прашања од клубот кој заедно со останатите во Ла лига се подготвува за најавениот рестарт закажан за 12 јуни.