Лионел Меси нема намера да ја напушти Барселона на крајот од оваа сезона. Капитенот на „Каталонците“ нема да ја користи клаузулата за заминување во јуни следната година и планира тогаш да седне на преговори за нов договор.

„Ако Лео се чуствува силен и амбициозен неговиот договор секако дека ќе биде продолжен. Јас секогаш сакам да го споредувам со Пеле. Тој беше играч само за еден клуб. Не се сомневам дека кога Меси ќе одлучи да се пензионира ќе остане во овој клуб до крајот на животот.“ – изјави претседателот на Барселона, Бартомеу.

Меси неодамна призна дека размислувал за промена на клубот но поради неговите деца не можел да си дозволи да ја напушти Барселона.