Фортуна Диселдорф планира да ги искористи старите снимки од песните и извиците на навивачите и да ги пушта на своите натпревари во Бундеслигата.

Фортуна в петок ќе игра пред празни трибини со Падерборн. Поради коронавирусот за прв пат во историјата на Бундеслигата сите натпревари од колото ќе се играат без публика.

В четврток, за време на тренингот, на фудбалерите ќе им бидат пуштани песни на навивачите и шумот од полн стадион, за да се види како тоа ќе делува врз фудбалерите на Фортуна. Ако ефектот е позитивен, тогаш истото ќе се направи и за време на официјалните натпревари.