Тренерот на Челзи, Френк Лампард, ризикува да ги расипе односите со раководството на клубот, поради ситуацијата со голманот Кепа Аризабалага.

Најскапиот голман во историјата, купен за 80 милиони евра, оваа сезона има низа лоши настапи и е директно виновен за губење на одреден број на бодови. Затоа на последната средба со Лестер, на голот застана 38-годишниот Вили Кабаљеро.

Лампард е дефинитивно решен да бара нов голман, па дури и ги предложи Ник Поуп од Барнли и Висенте Гуаита од Кристал Палас, но тоа совршено се разликува од плановите на раководството, особено на директорката на Челзи, Марија Грановска, која лично го донесе Аризабалага пред две години и која добро знае дека сега Кепа може да се продаде само со голема загуба на пари во однос на тоа што било платено за него.