Црна Гора е првата земја од регионот која прогласи победа против коронавирусот, фудбалските натпревари во оваа земја ќе се играат со присуство на публика.

За прв пат ово историјата на фудбалска Црна Гора сите натпревари од едно коло, во случајов 24-то, ќе се играат под рефлектори во ноќен термин.

Фудбалскиот сојуз на Црна Гора изминативе години вложи средства з аосветлување на стадионите.

Вечерва се играат 5 средби, четири од 20 часот, една од 20 и 30 часот.

Будуќност е лидер со 11 бода предност во однос на Сутјеска, до крајот на сезоната остануваат уште 13 кола.