Сезоната во Серија А ќе се доигра, рестарот започнува со четири средби, првата се игра на 19 јуни, во Бергамо Аталанта го пречекува Сасуоло.

Бергамо беше еден од градовите каде имаше најмногу починати лица од коронавирусот.

Скај Спорт Италија потврди дека ова ќе биде првиот натпревар во продолжението од сезоната, тоа е средба од 25 коло.

Останатите средби од оваа рунда се играат во следните два дена, Интер-Сампдорија, Торино-Парма и Верона-Каљари.