Фудбалската федерација на Холандија во договор со Светската куќа на фудбалот (ФИФА) во следните неколку години ќе вметне нови пет правила во фудбалската игра.

Дводневниот состанок во Холандија во кој покрај преставници од Холандија и од ФИФА учествуваа и луѓе од американската, германската, англиската и белгиската фудбалска федерација.

Ако експериментот се покаже како успешен, многу веројатно дека дел од нив ќе бидат внесени и во другите лиги низ Европа и светот.

Новите правила кои пробно ќе се тестираат во Холандија низ младинските лиги и во аматерскиот фудбал. Првично ќе се испроба фудбалерите да изведуваат аут со нога, додавање сам на себе од слободен удар и исклучување на неколку минути.