Интер објави дека сите играчи и стручниот штаб се негативни на Ковид-19, беа извршени тестови по кои резултатите покажаа дека никој не е заболен од коронавирусот.

Секој клуб во калчото мора да изврши тестирања пред да продолжи со колективниот тренажен процес, тренинзите започнуваат од утре.

Серија А се очекува набрзо во соработка со Владата на Италија да донесат одлука дали сезоната ќе се доигра и кога ќе продолжат натпреварите.