Преговорите меѓу Јувентус и Барселона околку трансферот на Миралем Пјаниќ во Шпанија почнува да наликува на класнична трансфер сага во која клубот кој е во поповолна позиција почнува во одредена мера да претерува со барањата.

Артур Мело одлучи да ја одбие можноста за трансфер во Јуве и да биде дел од трампата, Семедо нема ништо против но апетитите на клубот од Торино од ден во ден се повеќе се згоелмуваат. Ансу Фати исто така е на листата на „Старата Дама“ каде најновото име е она на Френки Де Јонг.

Според медиумите од Шпанија, од Јувентус сега бараат од Барселона директна замена на Пјаниќ со Де Јонг без дополнителна доплата. Како на ова ќе одговарат од „Камп Ноу“ ќе дознаеме наскоро.