Кипарската фудбалска асоцијација ги откажа сите натпревари од домашниот првенство, откако во знак на протест судиите одбија да ги водат мечевите.

Причината за ова е во експлозијата на возилото на судијата Андреас Константину, чиј автомобил експлодираше во два часот по полноќ, пред зградата во која што живее.

Константину ја водел средбата меѓу екипите на Докса и АЕЛ, која заврши со резултат 2:2, но АЕЛ имаше многу критики за неговото судење.

Експлозијата, според Кипарската фудбалска федерација, е терористички акт, чија цел е да се заплашат судиите.