Повредата на Алисон му овозможи на Адриан повеќе од планираното да биде на голот на Ливерпул, но новото засилување на „црвените“ смета дека кај Клоп нема број 1 голман, туку двајцата се во трка за позицијата меѓу стативите.

„Кога потпишав за Ливерпул знаев дека пред мене е сериозен предизвик и знам дека конкуренцијата те прави подобар. Тоа што Ливерпул има двајца голмани кои се број еден е одлично за нас.“ – изјави Адриан.

Алисон се очекува да биде подговен за дуелот со Манчестер Јунајтед викендов, но сеуште не е познато кој ќе биде на голот на тимот на Јирген Клоп од првата минута.