Како што информираше  Тутомеркатовеб, во регионот на Ломбардија во Италија за 24 часа се потврдени 65 починати лица, тоа ги алармира локалните власти кои нема да дозволат рестарт на натпреварите од Серија А.

Тутомеркатовеб тврди дека ова ги загрозува шансите за продолжување на сезоната во калчо лигата, Николо Скира, познат спортски новинар од Италија тврди дека 20 јуни е датумот кога Серија А ќе биде рестартирана.

На состанок на 28 мај, Владата на Италија ќе реши дали и кога фудбалскта сезона ќе продолжи, под кои услови и дали медицинскиот протокол е дефиниран и доволен за рестарт.

Клубовите во Италија добија дозвола за колективни тренинзи, н озасега нема датум за рестарт на сезоната.