Во 12 часот во петок, во просториите на ФФМ, ќе се одржи ждрепката или извлекување на двојките за новиот шампионат во Првата македонска фудбалска лига.

Во новата 2019/2020 сезона ќе се натпреваруваат екипите на Вардар ,Работнички, Шкендија Силекс, Шкупи,, Ренова ,Македонија ЃП ,Академија Пандев, Борец и Струга Трим Лум.

Сезоната стартува на 11 август (недела), со мечевите од 1.коло. Титулата од минатата сезона ја брани тетовска Шкендија, додека нови членови во најквалитетното фудбалско друштво на нашата држава се Борец од Велес и Струга Тим Лум од струга.