Иднината на Килиан Мбапе во дресот на ПСЖ е неизвесна, ова го потврди спортскиот деректор на клубот, Леонардо.

„Мбапе е тука, тој е важен играч за клубот и за тоа нема потреба да се дебатира. Не можам да ветам дали ќе потпише нов договор. Ова го кажувам поради две причини, јас не ги преставувам сите во клубот а второ не верувам пред да бидам сигурен во целост“. – изјави Леонардо.

Според медиумите од Франција, Мбапе размислува за заминување од ПСЖ затоа што сака да игра како централен напаѓач, позиција која во моментов е резервирана за Кавани.