Како се доближува летниот трансфер прозорец, така се зголемува притисокот по управата на ПСЖ по однос на преговорите за продолжување на договорите со првете две ѕвезди, Нејмар и Мбапе.

„Л`Екип“ пренесува дека првиот опративец на ПСЖ, Леонардо повела губи самодоверба дека ќе успее да ги убеди двајцата напаѓачи да останат во Париз.

Неофицијално, Мбапе посакува трансфер во Реал Мадрид, додека Нејмар сака да се врати во Барселона.

Проблем може да биде висината на платата, но со оглед на желбата кај двајцата играчи, нема да биде изненадување ако се согласат за помала плата во однос на таа што им ја нуди ПСЖ, над 600 000 евра неделно, за да се преселат во Шпанија.

Нејмар и Мбапе засега не демантираат дека сакаат да останат во ПСЖ иако се погласни се шпекулациите дека решиле дека во Франција  нема поента да останат и во следната сезона.