Нејмар одлучи да ја напушти Франција и да се врати во родниот Бразил со цел да избегне опасност од заразување со коронавирусот но фактичката состојба е поинаква.

Во Бразил има повеќе од 2000 заразени и 47 мртви од Ковид-19 а опасноста се зголемува од ден на ден.

Забраната за летови е активна и поради ова Нејмар е заглавен во Бразил. Од упрвата на ПСЖ стравуваат дека кризата ќе трае долго и ќе мора да чекаат повеќе од два месеци за да го видат својот фудбалер.

Бразилските медиуми пренесуваат дека Нејмар бил забележан во супермаркет во Ангра дос Рис во Бразил без заштитна маска. Ова дополнителни ги агрижило сосптвениците на првакот на Франција кои вложија многу пари во ангажманот на напаѓачот.