Зинедин Зидан има нови грижи поради повредени фудбалери откако Лука Модриќ пред време го заврши дуелот на Велс и Хрватска (1:1) одигран вчеравечер во Кардиф.

Според првичните прогнози, Модриќ можно е да го пропушти дербито со Барселона а неизвесен за овој меч е и Вешанецот, Герет Бејл кој го одигра целиот меч но и тој заработил повредата на левата нога.

Ова се последните двајца на листата недостапни во екипата на Зидан за пресметката со Мајорка закажана за следниот викенд.

Популарното „Ел Класико“ е закажано за 26 октомври на „Камп Ноу“.