Ла Лига потврди дека пет играчи од Првата и Втората лига на Шпанија се позитивни на Ковид-19, тие се во карантин, но имињата не се соопштуваат на јавноста.

Сите пет играчи се во самоизолација, Ла Лига го крие идентитетот на играчите и клубовите каде тие се членови.

Едно е сигурно, станува збор за играчи од Првата и Втората лига.

Дел од клубовите започнаа со индивидуален тренинг според медицински протокол кој го бара државата, Барселона беше меѓу првите кои се вратија во тренажен процес.

Во Шпанија се регистрирани речиси 30.000 починати лица од Ковид-19 а 225.000 се позитивни.