Фудбалскиот сојуз на Србија со „револуционерна“ идеја, испразнето место во Суперлигата или Првата лига може да се купи со пари !

Клуб кој не успеал да обезбеди  пласман со резултати на теренот,  ќе може да биде член на Суперлигата или Првата лига  ако го плати местото на сметката на ФС на Србија.

Српскиот сојуз објави како евентуални слободни места во лигите можат да се пополнат, една точка го предвидува следново:

„Понуда можат да поднесат сите клубови учесници во лигите доколку се се појави слободно место во повисок ранг, понудата на клубот треба да биде во писмена форма и мора да содржи финасиска понуда  изразена во динари која клубот е подготовен да ја плати за да се стекне со право да се натпреварува во конкретна лига“ – стои во одлуката на ФС на Србија.