Емир Спахиќ кој беше капитен на фудбалската репрезентација на БиХ на историскиот прв настап на Мундијалите пред пет години, се бори за живот по тешка сообраќајна несреќа.

Медиумите од БИХ јавуваат дека Спасиќ е во моментов во болница во Требиње, се очекува да го префрлат со хеликоптер во Сараево.

Одговорните во болницата во Требиње изјавиле дека Спахиќ е на интензивна нега, други детали нема.

Според достапните информации, Спахиќ со уште двајца, во теренско возило имале инцидент по кој возилото се превртело, а тој има најтешки повреди.