Проблеми во Серија А, во редовите на Торино осум играчи се позитивни на Ковид-19, медиумите јавуваат дека средбата во петок против Сасуоло „биковите“ нема да ја играат, виси и дуелот со Рома.

Тренингот на Торино денес не се одржа, натпреварот со Сасуоло требаше да се игра во петок, но извесно е дека ќе биде одложен.

По подолго време ова е прв посериозен случај на заразени со Ковид-19 во калчото, Торино е на 17 место со 20 бода, се бори за опстанок и оваа пауза доаѓа во непријатен момент.