Репрезентациите на Унгарија и Франција во овие моменти го играат својот натпревар од второто коло на ЕУРО 2020 , а по првиот дел селекцијата на Унгарија има изненадувачко ,водство против првиот фаворит на ЕУРО 2020 , репрезентацијата на Франција.

Французите константно напаѓаа, во првиот дел и создаваа шанси , но не успеаа да ја затресат мрежата на Гулаши , па во самиот финиш на првиот дел Фиола се погрижи за изненадување на Пушкаш арената.

Се играше 2 минута од судиското надополнување , а Атила Фиола брилијантно ја проби одбраната на „триколорите“ и го матираше Лорис во долниот десен агол.

Останува да видиме дали Унгарците ќе успеат да издржат во вториот дел.