Наполи е во криза, по нерешениот резултат со Салцбург 1-1 во Лигата на шампионите, играчите не сакале да одат во карантин по наредба на претседателот Аурелио Де Лаурентис.

Карло Анчелоти, тренерот на тимот од Неапол, не се појави на прес конференцијата по натпреварот во Лигата на шампионите, обврска која ја има по службена должност, за ова ќе следуваат санкции од УЕФА.

Тренерот на Наполи с епојавил во тренинг комплексот „Кастел Вотурно“ по мечот со Салцбург но не и играчите кои одбиваат карантин, ова го тврди  „Кориере дело спорт“.

„Кориере дело спорт“  пишува дека во Напли има бунт но засега не се потврдени овие информации од клубот.